Ветеринарната станица од Штип го еутаназираше кучето за кое известуваше „Тв Стар“

Ветеринарната станица од Штип го еутаназираше кучето за кое известуваше „Тв Стар“
12.07.19   10:28

Прочитано : 690

Print This Article

Наместо да му помогнат на кучето кое мирно лежеше додека пензионерка тврдеше дека е опасно поради крлежите кои „качувале по ѕидовите на зградата“, Ветеринарната станица од Штип која го доби тендерот за згрижување на кучињата бездомници, по прилогот на ТВ Стар, најдоа наједноставно решение за Бренда. Ја еутаназираа, пренесува Ако.

Во прилог со наслов ,,Штипско семејство во паника. Куче скитник дома ги чува како заложници“, новинарката на телевизијата без емпатија и елементарно знаење за процедурите за заловување на улично куче, чистење од крлежи (за што често не е потребно повее од една алпула) го водеше разговорот и текстот во насока дека кучето е најголема опасност и штетник за околината.

Наспроти ова, на социјалните мрежи се јавија голем број штипјани кои тврдат дека Бренда тука живее 7 години и дека е мирна и мила. Голем број од нив ја хранеле секојдневно.

Од своја страна, ТВ Стар стапила во контакт со претставник на    надлежна ветеринарната станица  кој изјавил.

„Според  нашиот план потенцираното куче скитник  како и  уште неколку  други убедени сме дека уште утре ќе бидат  отстрнети од улица и ќе бидат сместени на соодветно место. Досега овој проблем ќе беше решен но секојдневната обврска со овие кучиња  ни наложи нивното згрижување да биде одложено“, изјавиле од ветеринарната станица, по што го еутаназирале кучето.

,,Колку  овој проблем е ургентен потврдуват и фотографиите на кои се гледаат огромен број на паразити  до самиот влез и прозорци од куќата и  вистинска среќа е што досега не се случил поголем проблем“-го завршува својот ,,генијален“ прилог оваа локалана тв станица.

Здружението за заштита на животни Анима Мунди, реагираше.

Тие го прашуваат градоначалникот на Штип:

,,Ова ли е хуманиот третман на животните кој го вети владата, сите градоначалници, поради што добивте огромна поддршка од љубителите на животни на избори? Ниту забрана за еутаназија, ниту полиција за животни, ниту активисти да управуваат со стационари, ниту коњите спасени, хорор сцени секојдневно на улиците – се ветивте, НИШТО не исполнивте! А гледаме колку агилни сте кога треба да се убие! Општина Штип, градоначалник Благој Бочварски, инспектори и ветеринарна станица – Штип на чело со Крсто Митев, по оваа монструозност ќе ве паметиме и кривично ќе одговарате за убивањето и на ова куче! Свесни ли сте дека секој трет граѓанин во нашата држава има,или се грижи за напштено маче или куче. Како што тргнаа работите, СИТЕ ќе не имате за непријатели! “- пишува Анима Мунди.

  Категории: