Велјаноски утрово на распит кај Русковска

Велјаноски утрово на распит кај Русковска
16.04.19   10:56

Прочитано : 491

Print This Article

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, утрово се појави на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Вељаноски при влезот успеа да ги избегне новинарите.

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција тој на 20 февруари 2019 година беше приведен под сомневање за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, но и уште едно лице, Спире Ристовски, кој сè уште е во истражниот затвор во Шутка.

За организирање на нападот е осомничен и Миле Јанакиески, кој беше кратко во Шутка со Спире, а потоа доби куќен притвор. Осомничен е и избеганиот во Грција Никола Бошкоски од УБК.

  Категории: