Вечерва врнежливо време, на некои места повторно паѓа снег

Вечерва врнежливо време, на некои места повторно паѓа снег
11.02.19   22:29

Прочитано : 136

Print This Article

Вечерва во Македонија времето е врнежливо и студено. На некои места врне дожд и снег, а врнежите според УХМР ќе се прошират насекаде низ земјава и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Во моментов додека во врнежливото Скопје имаме дожд, снег има на Стража, Попова Шапка и Маврово.

Времето утре ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снег, особено на запад и претежно претпладне. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести