Вечерва се отвора изложбата „Родови перцепции“ во МСУ

Вечерва се отвора изложбата „Родови перцепции“ во МСУ
12.06.19   12:13

Прочитано : 59

Print This Article

„Родови перцепции“ е насловена изложбата која ќе се отвори вечерва во 20 часот во Музејот на современа уметност (МСУ). Изложбата е резултат на соработката помеѓу Британскиот совет и МСУ, како дел од регионалниот уметнички проект „Перцепции“, кој зборува за женските прашања денес.

Проектот, замислен како соработка помеѓу пет куратори од Западниот Балкан, во рамките на секоја  изложба претстави 24 дела од 14 британски уметници од колекцијата на Британскиот совет кои кураторите заеднички ги избраа и со кои влегоа во дијалог преку локалните уметнички дела.

„На тој начин ‘Перцепции’ прерасна во флуиден женски уметнички простор на пресекот на различните културни, политички и теоретски стратегии во рамките на политичката географија на Западниот Балкан – почнувајќи од Цетиње, преку Нови Сад и Приштина, Бања Лука, за конечно да се претстави и во Скопје“, велат од МСУ.

Изложбата во Скопје, која ќе трае до 12 август, содржи 39 современи уметнички дела од 25 жени, концептуализирани во три дела: Погледи, Репрезентации и Поништени репрезентации.
На изложбата има дела од Абигејл Лејн, Моника Мотеска, Камила Лоу, Евгенија Демниевска, Анета Светиева, Мадам Јевонд, Мирна Арсовска, Силија Хемптон, Лаура Олдриџ, Хелен Чедвик, Елизабет Прајс, Сара Лукас, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Антеа Хамилтон, Трејси Емин, Клер Стренд, Џилијан Веринг, Верица Ковачевска, Љупка Делева, Рејчел Вајтрид, Христина Иваноска, Ана Темкова, Виолета Чаповска, Лубаина Химид.
Проектот, како што велат од МСУ, е веќе вреднуван на музејската експертска јавност и во септември ќе биде претставен во Кјото, Јапонија, пред Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ).

Куратори на изложбата се Кумјана Новакова и Благоја Варошанец, соработник на проектот е Тихомир Топузовски, концептот на едукативната програма е на Бојана Јанева-Шемова, визуелниот идентитет и графички дизајн е на Елена Диновска-Зарапчиев и Илиана Петрушевска, а дизајнот на изложбата е на Јован Ивановски.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести