Вечерва немате право да спиете…

Вечерва немате право да спиете…
11.01.19   19:51

Прочитано : 2,508

Print This Article

Гласањата од вечерашнава седница во македонскиот Парламент ќе одѕвонуваат како слободарско ехо, како манифест преку кој на најконцизен, едноставен и јасен начин беше одбележан крајот на борбата на компромисите до целта на оваа последна линија на нашиот фронт, линија, пред која стоиме сите, ама буквално сите во оваа досегашна вукојебина од држава, линија која, вечерва, достоинствено ја пречекоривме со кренати глави, не како ПОБЕДНИЦИ, најмалку како ПОРАЗЕНИ, туку, како политички ЗРЕЛА држава, како цивилизирана мешавина од различни вери, култури и народи, кои, заедништвото го презентираат на совршено јасен и недвосмислен, и пред се, демократски начин, дека помеѓу соседите на државата мора да се негуваат пријателски односи, дека најголемата и најмалата заедница внатре немаат друг пат освен соживот на еднакви основи, еднакви права, еднакви задолженија, еднакви одговорности, и ја заокруживме оваа повеќемесечна политичка голгота, понесена, носена, и однесена од Заев, без да ја намалам вредноста и учинокот на сите оние кои покрај него придонесоа ова да се случи…

Честитки другар Зоране Заев, господине Никола Димитров, и сите познати и непознати дами и господа. Имате право на достоен и релаксирачки одмор за да ги наполните батериите за следните битки. Не се малку, и не се лесни, ама…:

Вечерва немате право да спиете…

Боки Бургија______________с.р. Букурешт 1, пардон, Бутел 1

  Категории: