Ванхауте: Честитки за уставните измени – време е да се посветите на економијата и здравството

Ванхауте: Честитки за уставните измени – време е да се посветите на економијата и здравството
14.01.19   11:11

Прочитано : 138

Print This Article

Белгискиот експерт и посредникот на ЕУ во изработката на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, на својот фејсбук профил го честиташе завршувањето на процесот за уставни измени во Собранието. Тој порача дека е време државата да се посвети на подобрување на условите во здравството и образованието.

„Навистина е компромис, но таков од кој сите граѓани ќе имаат корист. Време е да се продолжи напред и за справување со другите приоритети: здравството, образованието, економскиот развој и животната средина. 2019 е година за да се направи напредок на овие полиња“, пишува Ванхауте.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести