Вајлдер: Бев на дното и размислував за самоубиство!

Вајлдер: Бев на дното и размислував за самоубиство!

 Шампионот во бокс во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер ја раскажа својата лична трагедија. Боксерот призна дека имал период кога бил „на дното“, па дури и размислувал за самоубиство.

Причината за ова е што неговата ќерка била дијагностицирана со „спина бифида“.Тоа е состојба во која ’рбетот на бебето и ’рбетниот мозок не се развиваат правилно додека фетусот е во утробата, па тоа доведува до компликации, како трауматично породување, полнење на мозокот со течност, парализа на нозете, ризик од менингитис и многу други.

– Имав тежок период од 19-20 години. Мојата ќерка е родена и имаше „спина бифида“. Во тој момент, јас бев младо момче што се обидував да се пронајдам во тој свет. Имав големи цели и соништа, но животот ве праќа на дното. Пиштолот беше до мене, и во еден момент размислував за самоубиство. Ако го сторев тоа, сите проблеми ќе исчезнеа. Кога сте во таа состојба, вие сте себични. Во тој момент размислувате само за себе и за својата болка, а не колку лошо можете да постапите со вашите најблиски. За среќа, го издржав овој период, призна Американецот во интервју за Јаху Спорт!.