Утре во собрание измени во Законот за здравствена заштита по долгогодишна борба на докторите

Утре во собрание измени во Законот за здравствена заштита по долгогодишна борба на докторите

Со новите измени во Законот за здравствена заштита коишто утре ќе се најдат во собраниска процедура секој пациент што ќе бара услуги во дополнителна дејноста на доктор ќе плаќа само за услугата на докторот според ценовник, а зафатот, односно услугата ќе биде покриена од Фондот за здравствено осигурување.

Ова е прифатено од Министерство за здравство како измени.

Досега овие услуги целосно се плаќаа од страна на пациентите. Друга измена ќе биде дека пензионираните доктори ќе може консултативно да работат во местото на живеење. Досегашното решение ова го овозможуваше но докторите мораа да работат надвор од своето место на живеење. Досегашната обврска на специјализантите да работат двојно повеќе во установата од годините поминати за специјализација, однос кој се сметаше на некој начин за ”лихварска” услуга во здравството ќе има значајна измена. Колку години се поминати на специјализација, толку има обврска докторот да остане во установата која му ја овозможила специјализацијата. И уште една измена се однесува на директорите кои не можеа да дежураат во институциите, сега тоа ќе им биде овозможено во нивната област.