Утре протестен марш на Синдикатот и вработените во културата

Утре протестен марш на Синдикатот и вработените во културата
7.10.19   13:45

Прочитано : 149

Print This Article
Синдикатот на културата (СКРМ) ќе одржи протестен марш утре( 08.10.2019 година). Во соопштението до медиумите се вели дека протестниот марш е со цел да го свртат вниманието и да ја алармираат Владата и Министерството за култура на како што велат,  згазените социјални права.

„Протестот е со цел да го изразиме нашето незадоволство и разочарување од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години и да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права“’, се вели во соопштението.

Маршот ќе започне во 12.00 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија со краток говор на претседателката Сања Арсовска која ќе даде и изјава за медиумите, ќе продолжи пред Владата, каде хорот на Националата опера и балет ќе изведе дел од операта „Хорот на Евреите“ од Набуко. Протестниот марш ќе заврши пред Министерството за култура каде по краток говор на секретарот Гоце Павловски, претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот – „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести