ВИДЕО: Утре ДИК ќе одлучува за кандидатурата на Река

ВИДЕО: Утре ДИК ќе одлучува за кандидатурата на Река
20.03.19   22:16

Прочитано : 318

Print This Article

Претседателските кандидати на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски и Гордана Силјановска ќе го чекаат последниот ден за  поднесување на кандидатурите до Државната изборна комисија. Утре на полноќ истекува рокот. Кандидатурата ја поднесе Блерим Река поддржан од Алијансата и БЕСА. Од Комисијата велат дека за да го запазат рокот од 48 часа на утрешна седница ќе одлучуваат за кандидатурата на Река. Во меѓувреме Пендаровски и Силјановска  ги користат последните мигови за средби со граѓаните, бидејќи според Изборниот законик по официјализирањето на кандидатурите па се до почетокот на изборната кампања  не треба да имаат изборни активности. А партиите кои застанаа зад нив продолжуваат со меѓусебните напади.

Кандидатот кој добил  мнозинството гласови од запишаните во избирачкиот список, – 900.000 ќе биде победник уште во првиот круг на 21 април, за кој нема цензус..  Но, распоредот на силите на политичката сцена покажува дека ќе имаме и втор изборен круг  на 5 мај. Победник ќе биде кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови – под услов да излезат 40 проценти од запишаните избирачи.  Деновите  меѓу двата круга партиите ќе го искористат за политичко пазарење и поддршка за кандидатите. Алијансата за албанците не ја исклучува можноста на вториот круг да го поддржи кандидатот на  ВМРО-ДПМНЕ.

Весна Велкова Тодоровска

  Категории:
view more articles

Останати вести