Уставниот предизборен „нож во грбот“ за ВМРО-ДПМНЕ

Уставниот предизборен „нож во грбот“ за ВМРО-ДПМНЕ

Во подоцните години  на социјализмот во бивша Југославија се прераскажуваше еден виц кој одеше вака:

На состанок на една основна организација на комунисти се поведува идеолошка расправа за тоа дали може Америка да стане социјалистичка земја? Можеее. Дали може Британија да стане социјалистичка земја? Можеее. Итн. А дали може Луксембург да стане социјалистичка земја? Не може, бидејќи е премала држава за да ја издржи таа голема заебанција!

На овој виц и на епскиот напор во малата Македонија да победи правдата низ воспоставување на големиот концепт за правната држава, ме потсети вчерашната вест дека мнозинството судии во Уставниот суд е на чекор да ги поништи сите судски процеси покренати од СЈО со реактивирање на прочуената одлука за амнестија на несреќникот Ѓорге Иванов од 2015 година. Одлуката на Иванов да ја повлече дадената амнестијата Судот, со мнозинство гласови, ќе ја прогласило за неуставна, што значи дека на сила остануваат претседателските амнестии!

На тој начин, осомничените, пребеганите и осудените инстантно се прогласуваат за недопирливи за правдата, ќе можат да ги задржат сите противправно стекнати материјални и нематеријални користи од своите криминали, а ќе можат и да тужат за претрпена штета од правното „малтретирање“ што им е приредено во постапките што се водени против нив. Отштетите ќе бидат во милиони евра, што ќе треба, извесно, да си ги наплатат од државниот Буџет.

Тоа ќе биде дефинитивен триумф на македонската мафија. Се разбира, прашање е на ден кога на обвинителна клупа – после пресудите за обвиненијата во изведбата на операцијата „Рекет“ – ќе седнат и сите други обвинители од „покојното“ СЈО, но и стотици други знајни и незнајни јунаци заслужни за рушењето на тогашната мафија од власт. Контрареволуцијата мора да биде комплетна, бидејќи во македонската правна држава правда мора да има и таа, за разлика од оваа, мора да се види!

Хахахахахаха… Чекајте, не можам да издржам, ќе се… Хахахахаххааа… Мала држава е Македонија за да ја издржи оваа голема заебанција!

Добро, добро, нема овој ингениозен план на мафијата да помине така лесно, најверојатно воопшто и нема да помине. Но, погледајте ги актуелните политички последици од тајмингот и опсегот на актуелнава уставна судска диверзија…

Оваа епизода доаѓа во најнезгодно време за сегашното ВМРО-ДПМНЕ. Раководството на партијата се обидува предизборно, малку срамежливо, малку поотворено, да се дистанцира од криминалите на своето претходно владеење, бидејќи е свесно дека, за да победи, мора да мобилизира вон-вмровска гласачка поддршка од незадоволните од владеењето на СДСМ. Тој план ќе пропадне доколку се стават на страна на експлицитната гранде-операција на мафијата за сопствено амнестирање. „Сатаната Заев“ може да има и рогови и ѓаволска опашка, но нема многумина неопределени кои би гласале за „она“ нивно ВМРО, кое токму овој гласачки потенцијал го рушеше од власт.

Koумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука