„Успех“ по македонско сценарио на “HBO Adria” – разговор со сценаристот Алчевски во Студио 1

„Успех“ по македонско сценарио на “HBO Adria” – разговор со сценаристот Алчевски во Студио 1
17.01.19   22:10

Прочитано : 153

Print This Article
Alchevski

Македонски сценарист, продукција на “HBO Adria” – серијата „Успех“, иако со само шест епизоди, ниже успеси на Балканот. Во исчекување на продолжението, во отвореното Студио 1, Марјан Алчевски раскажува за плановите за нови епизоди од култната „Бушава азбука“.

-“HBO Adria”, регионалната експозитура на “HBO Europe” направи во 2016 година конкурс за сценарија за драмски серии. Јас и уште 470 автори се пријавивме, секој со својата среќа, јас бев еден од двајцата победници на конкурсот. Иван Кнежевиќ од Нови Сад е другиот победник, со неговиот проект „Остров“. Мојот проект е „Успех“ и од 2017 во март или април кога ги објавија резултатите успеавме да ја направиме мојата серија, од првото сценарио кое победи на конкурсот до шест епизоди кои денес може да ги гледаат сите во Европа, раскажува тој.

За продолженијата добро познатата „Бушава азбука“, овој пат под името „Бушав буквар“, по сценарио на Горан Стефановски, Алчевски вели дека серијалот за него е идеал и вистинска среќа е што работи на него, иако чувствува голема одговорност пред генијот на Стефановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

  Категории: