Уште три месеци Дабиле и Просениково без канализација

Уште три месеци Дабиле и Просениково без канализација
24.06.19   19:34

Прочитано : 146

Print This Article

До септември треба да се изградат 16 километри канализациски систем, осум километри во Дабиле и осум километри во Просениково, Струмичко, со што ќе се реши проблем за околу 3.000 жители во овие населени места, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој заедно со градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски, денеска изврши увид во изградбата на канализациониот систем во овие две места.

– Вкупната инвестиција е околу 650 илјади евра. Се предвидува изградба на 16 километри канализациски систем, осум километри во Дабиле и осум километри во Просениково, со што решаваме еден крупен проблем за околу 3.000 жители во овие населени места. Очекувам до септември ова да биде завршено, проектот се реализира преку Министерството за транспорт и врски во соработка со општината. Ова е дел од вкупните капиталните проекти што ги реализираме во моментов. Во овој дел од државата инвестираме преку 100 милиони евра во капитални проекти – изјави министерот Сугарески.

Тој истакна дека во Струмица и Струмичко во тек е изградба на патот од Старо до Ново Коњарево, понатаму се реконструира патниот правец од Струмица до Ново Село, а до крај на месецов ЈП за државни патишта ќе отпочне со реконструкција на делницата од Василево до Добрејци.

– Оваа година согласно програмата на ЈПДП ќе се распише и јавен повик за изработка на проект за изградба на експресен пат од Струмица до границата со Бугарија – потенцираше министерот Сугарески.

Според градоналачникот Јаневски, ова е многу значаен проект за подобрување на животот на жителите во Дабиле и Просениково.

– Во непосредни средби со граѓаните, канализациските системи беа на прво место во нивите барања кои требаше да ги реализираме. Овој проект е резултат на добрата соработка меѓу општината и централната власт. Во Просениково веќе е завршена изградбата, овде во Дабиле останува да се доработат уште стотина метри, така на огромно задоволство на жителите ќе се реши долгогодишниот проблем. Останува заложбата на општината да дозигради неколку краци и поврзување на домаќинствата – истакна Јаневски.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести