Уметникот Зоран Кардула објави книга со јазикот на неговата аутистична ќерка Ерато

Уметникот Зоран Кардула објави книга со јазикот на неговата аутистична ќерка Ерато
2.12.17   19:43

Прочитано : 845

Print This Article

„Гуш и Бац“ е книгата што графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула ја создаде од зборовите на неговата единаесетгодишна аутистична ќерка Ерато Кардула. Книгата содржи измислени 47 зборови на Ерато, преведени на 19 јазици, како и 47 илустрации на нејзините зборови создадени од 33 креативци.

„Гуш и Бац“ ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во Националната галерија Чифте амам, придружена со изложба на креациите кои се објавени во книгата. Промоцијата е во чест на одбележувањето на 3 декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост. За време на настанот, ќе се продаваат книгата, илустрациите, разгледниците и специјално подготвени беџови, а собраните пари ќе бидат наменети за реедукација, односно работа со дефектолог и логопед на оние деца со аутизам кои не може да си го дозволат тоа.

Кардула, како идеен творец на „Гуш и Бац” вели дека една од најважните цели на проектот е да се подигне свеста за аутизмот и да се придвижи општествената интергација на аутистичните луѓе.

„Ерато е слабо вербална. Има зборови кои умее јасно да ги изговори но и такви кои се само нејзини. Лесно ги изговара зборовите кога се одвоени по слогови за во моментот кога треба да ги спои истите зборовите ги изговара по свое. Зборовите кои таа ги користи се секогаш исти и наменски. Посакувам да можевме да разговараме, но така таа ќе треба да влезе во нашиот свет за кој ја сум сигурна дека не е посреќен од нејзиниот“, пишува во книгата мајката на Ерато, Домника Кардула.

Во текстот на Весна Костовска, пак меѓудругото стои: „Зборовите на Ерато се звукот на нејзиниот внатрешен свет. Мене ми звучат љубопитно, жизнерадосно и топло…

Ерато вели… бибиви. Ние велиме… бонбони. Ерато вели… сита. Ние велиме… цедевита. Таа вели… капи, ние… пуканки.

Можеби Ерато ’нашите’ зборови ги внесува во својот свет, ги пресоздава и го создава својот јазик што ѝ е поудобен, посоодветен, позвучен“.

Извор: СДК

  Категории: