Уапсени лица инволивирани во престрелката во Александар Палас

Уапсени лица инволивирани во престрелката во Александар Палас

Петмина од лицата во кои беше пукано во хотелот Александар Палас во саботата вечерта се на распит
во полициската станица во Карпош, пишува Стандард повикувајќи се на извори од МВР.

Според информациите на порталот, двајца оштетени утрово дале исказ во полиција, додека пак се уште се
трага по маскираните напаѓачи.

Како што велат изворите од МВР, дел од петмината кои се на распит во Карпош, а кои биле приведени
со припадници на Единицата за брзо распоредување, испраќале и пораки дека полицијата била виновна за престрелката.

Од МВР претходно известија дека се работи за две лица.

„Изминатото деноноќие полицијата презеде оперативно тактички активности со цел расветлување на настанот во А. Палас. Проведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени“, велат од МВР.