Уапсен возачот на Панделески, ја уценувал неговата сопруга – барал 150.000 евра и се заканил со бомба

Уапсен возачот на Панделески, ја уценувал неговата сопруга – барал 150.000 евра и се заканил со бомба
12.12.18   23:08

Прочитано : 2,820

Print This Article

Возачот на притворениот сопственик на компанијата „Пелистерка“ Цветан Панделески, кој заедно со Орце Камчев и Сашо Мијалков се главните осомничени во истрагата на СЈО „Империја“, и барал 150.000 евра на сопругата на Панделески за да и даде документи со кои наводно ќе го ослободел од притвор нејзиниот сопруг.

Информацијата дека изнудата ја вршел личниот возач на Цветан Панделески, за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврдија извори од Скопското јавно обвинителство.

Тој  се заканил дека ако го пријави оти врши изнуда на 150.000 евра од неа, ќе постави бомба од која ќе настрадаат и нејзините внуци.

Возачот на Панделески е уапсен.

Осомниченото лице е лишено од слобода и ќе биде изведено пред судија на претходна постапка, што значи дека за него ќе се бара притвор.

view more articles

Актуелно