У21: Северна Македонија со убедлива победа против Фарски Острови

У21: Северна Македонија со убедлива победа против Фарски Острови

Репрезентацијата на Северна Македонија до 21 година со победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021 година.

Нашата селекција славеше со 7:1, откако „хет-трик“ забележа Димитар Митровски, два гола беа на Дарко Чурлинов, а погодија и Ердон Даци и Есмин Личина.

Гостинската репрезентација го отвори резултатот со гол од пенал на Андреасен во 19 минута.

Ова беше прв меч во квалификациите за „жолто-црвените“, а во групата се уште и Шпанија, Израел, Црна Гора и Казакстан. На ЕП се пласираат сите први селекции од девете групи и шестте најдобро второпласирани.

Следниот меч на Северна Македонија е гостување на 10 октомври во Црна Гора.