„Тврдина 2“: Црни вреќи со хартија и регистри од третата зграда во МВР запалени на „Брест“

„Тврдина 2“: Црни вреќи со хартија и регистри од третата зграда во МВР запалени на „Брест“
15.04.19   11:59

Прочитано : 1,149

Print This Article

-Во базата Брест не пречека Ванчо Цветановски кој веќе имаше обезбедено место за палење, оградено со камења, а имаше и ПП апарати, рече Мицевски и додаде дека со нив биле и три жени од „Комисијата“ Александра, Маја и Вале. На прашање на бранителот на Грујоски, адвокатот Петар Василевски, сведокот рече дека не знае што е содржината на тоа што е запалено, но дека е сигурен дека биле хартија и регистри.

Во „Тврдина 2“ првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК.

На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзани со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.бк/вј/