ТВ24: Катица нарачала кафе во СЈО а ќе се обрати и пред јавноста

ТВ24: Катица нарачала кафе во СЈО а ќе се обрати и пред јавноста
23.07.19   12:30

Прочитано : 1,201

Print This Article

Специјалната обвинителка во оставка денеска се појавила во просториите на СЈО.

Според информациите на ТВ24 Катица Јанева нарачала кафе а во 14 часот ќе одржи и прес конференција но таа информација не е потврдена одвнатре од СЈО.

Нејзиното доаѓање на работа после една недела било изненадување за вработените а според ТВ24 Јанева порачала кафе и влегла во својата канцеларија.

Во овој момент не е познато што се случува во просториите на СЈО, но како што се наведува можно е  Катица Јанева да одржи прес конференција.

Од ОЈО денеска обелоденија уште една информација поврзна со шефицата во оставка Катица Јанева.

Имено, скопското обвинителство соопшти дека е најден и вториот телефон на Катица за кој се тврдеше дека е изгубен.

Дополнето:

Според новите информации, изјавата на Јанева се очекува околу 13 часот.

  Категории:
view more articles

Останати вести