Турција го ратификуваше протоколот за НАТО

Турција го ратификуваше протоколот за НАТО
11.07.19   22:31

Прочитано : 498

Print This Article

Турција вечерва го ратификуваше протоколот за нашето членство во НАТО, а веста на Фејсбук ја објави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim!“, напиша Шекеринска.

Досега околу две третини од НАТО членките го ратификуваа протоколот за прием на Македонија, а во останатите отпочнати се постапките за ратификацијата, како што се Луксембург, Исланд, Велика Британија, Шпанија, Франција, Холандија и САД.

Согласно процедурите, целиот процес се очекува да заврши до крајот на годинава, а на самитот на НАТО во Лондон во декември, земјава и формално да биде примена како полноправна членка на алијансата.