Рецепт: Туна салата со ајвар

Рецепт: Туна салата со ајвар
16.03.19   11:32

Прочитано : 586

Print This Article

Додека уште имате по некоја тегла од минатогодишниот ајвар …

Потребно е:
2 големи конзерви туна во парченца
8 лажици ајвар
4 лажици сенф
1 главица кромид, ситно сецкан
3 чешниња лук, истолчени
3 кисели краставички, ситно сецкани
магдонос
бибер

Подготовка:
– Исецкајте ги краставичките, кромидот и истолчете го лукот.

– Соединете ги сите состојки, додадете сецкан магдонос и бибер по вкус.

– Пред да ја послужите оваа вкусна салата ставете ја во ладилник да стои неколку часа.

  Категории:
view more articles

Актуелно