Ципрас најави предвремени избори во Грција

Ципрас најави предвремени избори во Грција
26.05.19   23:56

Прочитано : 971

Print This Article

По дебаклот на Сириза на европските избори, грчкиот премиер Алексис Ципрас најави предвремени избори во Грција.

 

Предвремените избори во Грција, според информации на ДВ на грчки јазик, ќе се одржат најверојатно на крајот на јуни. Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва во телевизиски говор изјави дека на почетокот на јуни од претседателот на државата ќе побара распишување предвремени избори.

Најавата за предвремени избори доаѓа по лошите резултати постигнати на европските избори. Сириза на Ципрас, според неофицијалните резултати, освои околу 25 проценти гласови, додека опозициската Нова Демократија има 33,5% гласови. Шефот на конзервативците, Киријакос Мицотакис, оцени дека Ципрас веќе ја нема довербата од народот. „Премиерот мора да преземе одговорност и да се повлече за доброто на земјата“, побара Мицотакис.

Ципрас пред европските избори рече дека тие се „гласање за доверба“ и дека избирачите имаат „одгвоорност“ да ги одбранат економските и социјалните постигнувања на неговата влада.

  Категории: