Цели генерации девојки пораснаа со „Прво па женско“

Цели генерации девојки пораснаа со „Прво па женско“
16.05.19   12:21

Прочитано : 197

Print This Article
Пред точно два дена Тиииитовки со тимот и волонтерките го затворија седмото по ред издание на фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско. Не можам да пишувам објективно кога станува збор за овој фестивал, кој верувам дека имал огромен удел во градењето на базата на моите феминистички вредности во минатото, а секоја година продолжува да ме инспирира, надоградува и поврзува со луѓе чии пријателства ми значат неизмерно. Оваа година Медуза беше дел од многуте сестрински иницијативи на фестивалот, па така умешавме прсти во дискурзивната програма на фестивалот. Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки – Јана Коцевска, Јана Старделова, Кристина Леловац и Моника Јамандиловска разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.

Драги Јани, Кика и Моника, пред некој ден заврши седмото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско! За оние читателки и читатели кои можеби не се запознаени со фестивалот, да направиме кратко враќање во 2013 кај почетоците на ППЖ. Како почнавте со фестивалот кој веќе станува важна точка во културниот живот во Скопје?

Jана С: Нашите амбиции на почетокот не беа многу големи, туку другарски и со голема желба да допринесеме кон културната сцена во градот. Почнавме со организација на помали настани кои растеа од година во година. Настаните како Woody Allen in Skopje, Let’s Dance! David Bowie night и Скопје во 90-ти, ни овозможија да стекнеме искуство и да го рашириме кругот на соработнички/ци и поддржувачк/и. Првиот фестивал го организиравме во 2013-та и оттогаш сѐ повеќе и повеќе расте. Се надеваме дека ќе (о)стане важно место каде сите (ќе) се чувствуваат безбедно и комфорно со своите тела и идентитети.

Дали и како досегашните фестивалски изданија ви ги сменија целите и очекувањата од фестивалот и дали можеме веќе да зборуваме за влијанието кое ППЖ го има на културната сцена во Македонија, со оглед на тоа што една од целите на фестивалот е етаблирање на женските уметнички пракси, со посебен фокус на независната сцена?

Кика: ПРВО ПА ЖЕНСКО расте и се развива далеку подобро од што можевме и да сонуваме. Со тоа растат и целите и очекувањата, но и одговорноста што ја имаме. Кога почнувавме, пред 7 години, зборот феминизам речиси го немаше во јавниот дискурс, а покрај нашиот имаше само уште еден настан од областа на културата кој ги промовираше женските права. Сакаме да веруваме дека ПРВО ПА ЖЕНСКО го прошири и го одржува тој простор за промислување на културата и воопшто на општеството од феминистичка позиција. Имаме цела генерација девојки кои пораснаа заедно со ППЖ, кои денес одважно се нарекуваат феминистки. Се радуваме што сега го имаме суперпопуларниот ПИЧ ПРИЧ, и на сцена и на радио, ја имаме МЕДУЗА која на автентичен начин ја еманципира младинската публика, со кои здружено продолжуваме да го инспирираме и поддржуваме автентичното женско творештво во културата. Веруваме дека секоја година ППЖ нуди уметничка програма која е поттик и на домашната сцена да гледаме почести и посмели обиди за уметничко промислување на женското и на феминизмот.

интервјуто во целост прочитајте го на Медуза

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести