Царовска: Зрновци доби градинка за 60 деца, за опремување инвестирани 1,4 милиони денари

Царовска: Зрновци доби градинка за 60 деца, за опремување инвестирани 1,4 милиони денари
21.08.18   14:38

Прочитано : 130

Print This Article

Царовска: Зрновци доби градинка за 60 деца, за опремување инвестирани 1,4 милиони денари

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ја посети новоотворената градинка во општина Зрновци, кочанско.

Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека за опремување на градинката „Бисерчиња“, која има капацитет за 60 деца, издвоиле над 1,4 милиони денари, а парите за изградбата на објектот ги обезбедила општината.

– Посветено продолжуваме да работиме на изградба и на опремување на градинки и во руралните општини низ Македонија. Секое дете е важно и овозможувањето на услови за подобар раст и развој на сите деца е врвен приоритет на оваа Влада, истакнала Царовска при посетата на градинката во присуство на градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.

Таа посочила дека нивната цел е континуирано да ги зголемуваат просторните капацитети на детските градинки во земјава, но и да го подобрат квалитетот на програмите и да вклучат што поголем број деца кои досега немале можност да посетуваат градинка.

Програмска цел на Владата, посочија од МТСП, e до 2020 година опфатот на деца во предучилишно образование да го зголеми за 50 отсто.

Од Министерството наведуваат дека покрај тоа што работат на јакнење на капацитетите, истовремено ги јакнат и кадрите во установите за згрижување на деца од предшколска возраст.

Од 1 јануари годинава, досега, МТСП обезбеди финансиска согласност за вработување на над 900 лица од кои поголемиот дел се на неопределено време. Низ Македонија досега се отворени 11 нови објекти, чија вкупна инвестиција од државата изнесува 37,3 милиони денари. До крајот на годината е предвидено да се отворат уште 11 нови објекти со што сумата за изградба, адаптација и опремување на градинки за периодот од јуни 2017 заклучно со декември, издвоена од државата, ќе изнесува 71 милион денари, информираат од Министерството.

  Категории: