Царовска во Струмица: Одлуката за иднината на Македонија да ја донесеме во заедништво

Царовска во Струмица: Одлуката за иднината на Македонија да ја донесеме во заедништво
14.09.18   23:00

Прочитано : 159

Print This Article

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска на средба со жителите на Струмица разговараше за придобивките од влезот на Македонија во ЕУ и НАТО. Царовска на граѓаните од врата до врата им порача дека со ЕУ и НАТО интеграциите во државата ќе се подобрува животниот стандард, а институциите ќе станат сервис на народот.

„Забрзано работиме на социјалната реформа со која социјалната помош ќе биде во висина на износ близок до минималната плата , но и најранливите ќе добијат обуки за унапредување или стекнување на нови вештини за да може да се извлечат на пазарот на трудот и долгорочно да се вработат. Одлуката за иднината на Македонија да ја донесеме во заедништво. Опозицијата и сите кои се двоумат да го поддржат референдумот и да се приклучат заедно да ја однесеме државата кон подобра иднина во ЕУ и НАТО“, изјави министерката Царовска во Струмица.

Посетата на Струмица министерката ја искористи да се сретне со вработените во Центарот за социјални работи, и со градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски.

 

  Категории: