Три возила изгореа во пожар во Охрид

Три возила изгореа во пожар во Охрид
14.02.19   10:56

Прочитано : 198

Print This Article

Три моторни возила изгореа во пожар што ноќеска еден час после полноќ избувна на паркиралиштето за возила што се наоѓа на просторот на поранешниот Полигон за мали спортови во центарот на Охрид.

Две од возилата се целосно, е едно делумно уништено.

Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна служба пламенот бил за брзо време локализиран.

Причините за избувнувањето на пожарот ќе ги утврди истрагата, но првичните информации укажуваат на неисправна инсталација на некое од опожарените возила.

  Категории: