Три читања на Џон Болтон

Три читања на Џон Болтон
12.09.19   18:59

Прочитано : 551

Print This Article

Пораката на Вашингтон за „исправање на границите“ на Косово потекнува од човек кој се спротивстави на независноста на Косово. Но, има повеќе од тоа …

На крајот на август, по многу шпекулации, дојде најавата за промена во надворешната политика на САД кон Косово. Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон, запрашан за идејата за размена на териториите меѓу Косово и Србија, рече:

„Спорот меѓу Косово и Србија може да биде едно од најважните прашања. Многу луѓе се обидоа да посредуваат. Овие напори пропаднаа (…). Но, мислам дека има нови знаци дека двете влади може да бидат подготвени тивко да преговараат за ова прашање. Нашата политика, американска политика е дека ако и двете страни можат да работат заедно за да постигнат договор, ние не исклучуваме територијални корекции. Не зависи од нас “.

И, накусо, се чини дека еден од водечките принципи на американската надворешна политика кон распаѓање на Советскиот Сојуз и потоа на Југославија, дека правењето на сработеното, дека било што и да се случи, нема да ги промени границите на федералните единици кои беа трансформирани во независни држави.

Но, дали американската надворешна политика се смени, или мислењето на советникот за национална безбедност, Џон Болтон за таа надворешна политика, се истакна – ова е проблем во американската администрација наречена „turf war“, „војна за територија“ меѓу различни државни агенции кои тие сакаат нивното мислење да биде одлучувачко и да биде запечатено од претседателот на земјата. Јас ги имам овие информации од самиот Џон Болтон, имено неговата автобиографија, „Предавањето не е опција“(“Surrender is not an option”), Threshold Editions, New York,2007 година. Покажува интелектуалец, кој во Европа би се нарекол идеолог, на конзервативното крило на конзервативците, кој ги гради своите верувања во рамките на администрацијата. И неговата служба започнува со претседателот Реган, стариот Буш, потоа новиот Буш и конечно Трамп.

2.
Во денешната администрација на претседателот Трамп нема никој со владино искуство кој го има Болтон. И во денешната администрација на претседателот Трамп, не постои ниту едно друго лице во неговиот статут кој имал толку стабилно мислење против Косово и нејзината независност пред да биде објавен. На 31 декември 2008 година, кога администрацијата на Буш веќе ги направи сите подготовки за координираната декларација за независност на Косово, Џон Болтон заедно со поранешниот државен секретар Иглбургер и помошник-секретар за одбрана, Питер Родман, објавени во написот ‘’Вашингтон Тајмс“ со наслов „Предупредувачко светло за Косово“ (“Warning light on Kosovo”), во кое се бара Вашингтон да не ја признае косовската декларација за независност, имено да ја прекине. Открива толкување на надворешната политика што беше целосно во малцинството не само во САД, туку и во самиот републикански конзервативен камп. Болтон и коавторите посочуваат дека „признавањето на независноста на Косово без согласност на Србија би претставувало преседан со долгорочни и непредвидливи последици за многу региони во светот“. Потоа, тие јасно го ставија Косово како дел од српскиот суверенитет, како во зборовите „Ние веруваме дека наметнатото решение за косовското прашање и барањето за поделба на суверена територија на Србија без нејзина согласност не е во интерес на САД“. И, конечно, Косово е дефинирано како ирелевантно за надворешната политика на САД: „За прашање од мало значење за Соединетите држави, дали е ова корисен трошок за политички капитал со Русија?“

Во рекапитулацијата, авторите сметаат дека Косово е дел од суверената територија на Србија, не треба да биде независно без согласност на Србија, бидејќи тоа би ја оштетило Србија, би поставило негативни преседани насекаде и ке се претвори во трошење на политички капитал со Русија, што треба да се користи во координација (‘од) за да се стопира нуклеарното оружје во Иран или Северна Кореја.

3.

Додека мислењето на господинот Лоренс Еглбургер лесно се занемаруваше, бд за него се сметаше дека е толку тесно поврзан со српските интереси – што тој дури и не ги криеше како лобист за автомобилите „Југо“ во Америка – па дури да се носи со прекарот ( со името) Лоренсот на Србија, не беше лесно истото да се каже/тврди за Болтон. Неговите мисли се дел од неговиот светоглед (призма) кон светот, оној на кого му верува.

Неговиот поглед се чита во критичната брошура за американската надворешна политика во тоа време, „Како Барак Обама го загрозува нашиот национален суверенитет“, (“How Barack Obama is endangering our national sovereignty”, Encounter books, 2010):

– Ние сме фатени во конфликт меѓу суверенитетот и „глобалното управување“ за кој( за што) повеќето Американци дури и не знаеја дека се случува. Не’ изненадува значи што „американистите“ губеа од „глобалистите“ и пошироката јавност сè уште не” може да ја процени скизмата на расколот меѓу овие два светогледа (призми, гледања) .

Во оваа поделба, Болтон се смета себеси за „американист“, додека Обама „глобалист“ (како што ги смета Клинтоните и секој друг што е посветен на поголема меѓународна координација). И, во рамките на оваа поделба, Косово е производ на „глобалисти“, дел од концептот на „одговорност да се заштити“, дел од светските коалиции кои го надминуваат државниот суверенитет, па дури и коалициите како НАТО.

Следствено, преку овој менталитет (размислување) написот од Болтон во 1999 година и проценката од „американистичката“ идеологија не доаѓаат како изненадување: што придобивка за нас да се пласираме со едно незначително Косово кога имаме потреба да се редиме со една важна Русија значителна за стратешки цели во однос на едно слепо црево на Балканот.

Од оваа призма, статијата од 1999 година може да се прочита во спротиност во 2018 година, скоро дваесет години подоцна. Значи, ако во рекапитулацијата Болтон сметаше дека Косово е дел од суверена територија на Србија, не треба да биде независно без согласност на Србија, затоа што тоа ќе и наштети на Србија, ќе постави негативни преседани насекаде и ќе троши политички капитал со Русија, што треба да се искористи во координација за да се спречи нуклеарно оружје во Иран или Северна Кореја, тогаш постои постојаност (консистенција) ако негирањето се претвори во афирмација. Значи, ставот на Болтон во 2018 година не е далечен ако се толкува како: што и да добие согласност од Србија, ќе ја има поддршката, затоа што поставува позитивен преседан за заштита на суверенитетот и САД веќе нема да трошат политички капитал што е потребен за Русија околу една тривијална (безполезна) работа.

4.

Ваквиот болтонски (поглед на Болтон) поглед се чини симплистички/едноставен, дури и груб, и секако не дел од традиционалната американска надворешна политика. Но, Болтон е ваков: неговата автобиографија се чита и како обид на „Американистите“ како него да ги изолираат САД од какви било мултилатерални напори. Во идеален свет за Болтон, Америка би била земја која, за сè, склучува договори со одделни држави, договор по договор со суверените страни наречени држави. И така го брани својот национален интерес. Секој пат кога господинот Болтон ќе ја преземе власта, како што опишува во својата автобиографија, тој се обидува да ги сруши тие договори и трактати што САД претходно ги потпишале, а кои веќе не се од интерес за/не ги интересираат САД. . И овде, Болтон ја наоѓа како сојузник францускиот генерал, Де Гол и неговата изрека дека „договорите се како девојките и розите; траат онолку колку што траат “.

Ваквата изјава не е далеку од неговата доверба према секое претприемништво ( соработка, нареденост, иницијатива) со кое Америка се залгала со партнерите , како што се гледа со блокирањето на учеството во Меѓународниот кривичен суд, отстранување на Договорот од Кјото за заштита на животната средина, или, сега, прекршување на Договорот за спречување на развојот на нуклеарно оружје во Иран и заминување од Парискиот договор за борба против глобалното затоплување.

И идејата, припишана на претседателот Трамп, дека што и да било некогаш договорено од Америка, мора да се преговара, всушност таа беше развиена порано од Болтон. Русите дури и го забелаа ова: на ручек со рускиот заменик министер за надворешни работи во Москва во 2001 година, Болтон во својата автобиографија пишува: „ за да се чувствува како да е дома, Мамедов се сети дека Ленин, Троцки и болшевиците имаа денигрирачка проценка врз трактатите, откажувајќи се од најголемиот дел од тие на Царот по преземањето на контролата во 1917 година. “

5.

Кога српскиот министер Ивица Дачиќ на почетокот од оваа година му ги откри на Болтон идеите за размена на територии, и му ја изрази подготвеноста на Хашим Тачи да ја заврши оваа работа, тој можеби стигна до многу внимателно уво. Интелектуално, ваквиот развој би бил дел од убедувањето на г-дин Болтон, дотолку уште повеќе кога е и дел од неговото верување, изразено во неговата автобиографија, дека ЕУ не може да го реши овој проблем затоа што „во надворешната политика ЕУ има пристап што е уште повеќе по глобалистичка, етатистичка, бирократска, легалистичка и пасивна (и честопати пацифистичка)“.

Ова е добра причина да ја прочитате автобиографијата. Другата причина е што покажува колку Болтон е успешен, многу пати, со една импресивна енергија, со цел да креира политичко дејствување во рамките на администрациите на кои тој им служеше. Но, истовремено се гледа дека во комплицираниот систем наречен американска демократија, мислењата на г-дин Болтон остануваат во едно малцинство; гласни и понекогаш навидум агресивни, но сепак малцинство.

Пишува ВЕТОН СУРОИ

(објавено во приштинска КОХА на 7 Септември 2018, реобјавено на 11 септември 2019)

(Преведено : Аделина МАРКУ)

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести