Трет почеток за секторот култура со оваа влада – тема во „Печат на неделата“ со Искра Гешовска, Златко Теодосиевски и Ирена Стефовска

Трет почеток за секторот култура со оваа влада – тема во „Печат на неделата“ со Искра Гешовска, Златко Теодосиевски и Ирена Стефовска
15.05.19   23:34

Прочитано : 152

Print This Article

За неполни две години се менува и вториот министер за култура, а се очекува третиот. Се усвои стратегија за културата, новиот закон за култура сѐ уште се подготвува, доживеавме неколку скандали со нетранспарентно делење на пари – ситуацијата под очекувањата на културните работници. За состојбите во културата во „Печат на неделата“ разговараат Искра Гешовска, директорка на фестивалот „Крик“, Златко Теодосиевски, ликовен критичар и поранешен заменик-министер за култура и Ирена Стефовска, пратеничка и претседателка на собраниската Комисија за култура.

-Треба да се лоцира интересот на државата, еднаш, дефинитивно, само кон тоа што е навистина јавен интерес на сите нас во културата, за разлика од сега, кога не знаеме што финансираме и финансираме сѐ. Тоа не значи дека утре нема да финансираме голем дел од тоа, но ќе го финансираме со прецизно утврдени критериуми и стандарди. Има втор битен момент, сега се лоцира должноста на општините. Сега се должни прво да изготват стратегии, аналогни на националната, да објавуваат општински конкурси, за локален интерес, вели Теодосиевски.

-Парите секако не се проблем, буџетот што РСМ го одвојува за култура е истиот како во времето на ВМРО-ДПМНЕ и е огромен, при што ги немаме декоративните елементи што одеа со нивното владеење. Пари има, но нема размена на визии, знаење и експертиза. Секогаш кога владее СДСМ имаме само размена на кандидати, кадровски решенија кои се рак рана во неразбирањето на актуелната владејачка гарнитура, 30 години наназад речиси, кога е во прашање значењето на културата како турбина, заедно со образованието, во еманципаторските и демократизирачките процеси, вели Гешовска.

-Прашање е на политички приоритети. На сите ни е јасно што се случуваше изминатите две години и никој не вели дека е првиот приоритет, но од не знам која маргина, културата заслужува и мора да биде барем погоре, на средина. И на расправа на буџет во Собрание, никогаш за тие 10 дена не може да дојде до културата, да се поднесат амандмани, вели Стефовска.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории: