Трамп: Не сакам војна со Иран

Трамп: Не сакам војна со Иран
26.06.19   18:51

Прочитано : 89

Print This Article
Tramp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранското раководство не е премногу паметно, но дека не сака војна со Иран.

– Не мислам дека иранското раководство е мудро. Се надевам дека нема да има војна со Иран, но не би траела долго”, рече Трамп во интервјуто за телевизијата Фокс.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф претходно го обвини советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон за заговор за започнување војна против Иран.

„Дали сакате да знаете зошто оние кои имаат докажана историја на омаловажување на дипломатијата одеднаш се интересираат за разговори”, објави Зариф на Твитер.

Тој во пораката на Твитер објави линк до статија објавена во 2017 година во магазинот Нешнел Ривју и ги повика да се прочита , како што наведе, рецептот на Болтон за уништување на иранскиот нуклеарен договор.

Зариф истакна дека Иран никогаш не ја напуштил преговарачката маса и додаде дека таканаречениот Тим Б, за кој Техеран тврди дека се залага за војна, во која е и Болтон, „ги извади” САД од разговорите и сега прави заговор за војна.

  Категории: