Трамп: Интервенцијата на Блискиот Исток беше најлошата одлука во историјата на САД

Трамп: Интервенцијата на Блискиот Исток беше најлошата одлука во историјата на САД

Интервенцијата на Блискиот Исток беше најлошата одлука во историјата на САД, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп, три дена откако најави повлекување на американските единици од подрачјата кои се во близина на турската граница со Сирија.

Американскиот претседател тврди дека е одлучен да ги запре бескрајните војни, што беше и едно од неговите ветувања во предизборната кампања.

„САД полека и сигурно ќе ги вратат нашите извонредни војници дома“, напиша утрово Трамп на Твитер, во кој додаде дека судирите на Блискиот Исток ги чинеле САД 8.000 милијарди долари и илјадници животи.

„Појдовме во војна од погрешна претпоставка и сега, сето тоа се потврди – немаше ниту едно парче оружје за масовно уништување“, напиша ТРамп во врска со американската интервенција во Ирак во 2003 година.