Трамп до Бајден: Добредојде во трката „поспан Џо“

Трамп до Бајден: Добредојде во трката „поспан Џо“
25.04.19   20:41

Прочитано : 224

Print This Article
Tramp Bajden

Американскиот претседател Доналд Трамп ги поздрави плановите на поранешниот потпретседател Џо Бајден да се приклучи во трката за претседателските избори 2020 година, изразувајќи надеж дека ќе биде „интелигентен” во водењето успешна кампања.

-Добредојде во трката „поспан Џо“. Само се надевам дека ќе бидеш интелигентен, за што долго време постои сомнеж, во водењето на успешна кампања, напиша претседателот на Твитер.

Ставот на Трамп е дека натпреварот меѓу Бајден и неговите ривали од Демократската партија ќе биде „лош”. Тој додаде дека е подготвен да се натпреварува со Бајден.

Претходно во текот на денот, Бајден официјално ја објави својата кандидатура за претседател на изборите во 2020 година. Од него се очекува да го одржи својот прв митинг во Питсбург, Пенсилванија, каде што ќе се сретне со активисти на Трговскиот синдикат, а потоа ќе замине на турнеја низ земјата, каде што ќе одржи предизборни митинзи во почетокот на 2020 година.

Бајден е дваесеттиот политичар, кој ги објави своите планови за номинација како кандидат на Демократската партија на изборите во 2020 година. Претходно, во претседателската трка се приклучија сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, кој се натпреваруваше против Хилари Клинтон во 2016 година, поранешниот градоначалник на Сан Антонио, Тексас, Џулијан Кастро, кој некогаш работел како секретар за домување и урбан развој во администрацијата на претседателот Барак Обама, како и градоначалникот на Саут Бенд во Индијана, Пит Батигиг и други.

Според резултатите од една анкета на репрезентативен примерок од 5.000 Американци спроведена од страна на компанијата „Морнинг Консалт Срви” во периодот меѓу 15 и 21 април, Бајден ужива поддршка на 30 отсто од испитаниците, додека Сандерс доби поддршка од 24 проценти. Батигиг е трет со девет отсто од гласачите на демократите.

  Категории:
view more articles

Актуелно