Трајанов: Мора да ги искористиме сите дипломатски средства, па и протерување на амбасадор

Трајанов: Мора да ги искористиме сите дипломатски средства, па и протерување на амбасадор
16.11.18   20:44

Прочитано : 1,087

Print This Article

Целокупниот безбедносен систем во државата е во колапс, тоа се должи и на партизација. МВР е надлежно да ја спроведе мерката одземање на пасош и да спречи да ја напушти државата. МВР самостојно проценува ризици, нема потреба од Обвинителството или Судот. МВР треба да подготви план, треба да се направи проценка дали постои опасност од бегство и потоа се предлагаат мерки како следење или прислушување“.

Но, Трајанов смета дека не може Спасовски да превземе одговорност на себе за се што не е направено, бидејќи не може да одговара за сите. „Кадрите во МВР, информациите ги пласираат во партиските штабови а не до министерот или деректорите“.

Сепак Трајанов е сигурен дека МВР презело мерки околу можност за бегство на Груевски.

„Треба да се формира работна група и точно да се истражи улогата на МВР, Агенција за Разузнавање, Судот и Обвинителството“.

Трајанов додаде дека доколку тој бил директор на БЈБ немало да се случи бегството.

„Не сметам дека има заговор и намерно пуштање на Груевски. Мислам дека е силна организација на Унгарија со структури во Македонија и класично бегство. Унгарија направи атентат врз функционирањето на правната држава во Македонија. Мора да ги искористиме сите дипломатски средства, па и протерување на амбасадор“.

  Категории: