Тотемите од Водно се отстранети – Немаме никаква врска со руски националисти, реагираат лицата кои ги поставиле

Тотемите од Водно се отстранети – Немаме никаква врска со руски националисти, реагираат лицата кои ги поставиле
9.11.18   20:57

Прочитано : 834

Print This Article
loading...
loading...

Не сакаме никаква поврзаност со националистички движења, ниту со русинот, кој не злоупотреби за сопствена слава. Неговото политичко движење нема никаква поврзаност со нашите верувања – вака ни одговори еден од авторите на тотемите на Водно, со кои се фотографирал прорускиот милитант Андреј Родионов. По нашите долги инсистирања да не однесат на локацијата, особено поради сомнежот кој се појави кај дел од јавноста дека фотографиите не се направени на Водно, бевме информирани дека дрвените скулптури се отстранети веднаш по нашата сторија.

„Доволно беше што Андреј ја искорити и злоупотреби за своја слава, така што од сега немаме доверба во никого и целосно се оградуваме од било какви политички движења. Според тоа, приказната за скулптурата завршува тука. Воопшто не и е потрбна на јавноста како доказ. Не можам да те однесам кај скулптурата бидејќи таа е отстранета уште следниот ден после емисијата поради желбата да не биде пронајдена и злоупотребена од ваша страна, ниту од страната на некои проруски новооформени партии кои ја користат таа предхристијанска симболика.“ – ни реагираше лицето кое повеќе одбива да разговара со нас на темата.

Инаку една од партиите која користи претхристијанска симболика е токму новоформираната Трета партија на Македонците. Љупчо Палевски, на чија иницијатива беше формирана партијата, по нашата сторија на социјалните медиуми сподели низа навреди на сметка на нашиот медиум, а откако го контактиравме се согласи дури и да зборува пред нашата камера. Но веќе при следниот обид да го исконтактираме, тој остана недостапен за нашата екипа.

Во статутот на партијата како стратешка политика е наведено воспоставување цврсти политичко- економски врски со земјите каде живее доминантно словенско население, што по некоја коинциденција се врзува со активностите на милитантот Родионов, кој во земјава заговара словенско единство под руско крило.

Сепак, идеологијата е единственото нешто заедничко за оваа партија со Родионов, бидејќи за сега нема докази дека тој се сретнал со некој од членовите на т.н. „Трета“. Но при неговите посети во Македонија, Русинот остварувал контакти со неколку лица, меѓу кои и универзитетскиот професор Стефан Влахов Мицов. Ниту тој не одговори на нашите прашања за неговата средба со прорускиот милитант, чии активности ги следат домашните служби. МВР ни потврди дека за сите сознанија редовно ги информираат надлежните институции, но поради тајноста на постапките не можеа да споделат детали конкретно за Родионов.

Во меѓувреме, тој самиот реагираше на сторијата на 1ТВ, нарекувајќи не телевизија финансирана од СОРОС и непријател кој сака да го оцрни неговото движење.
За потсетување, тој гордо споделува фотографии од неговите акции во склоп на Обединетите вооружени сили на т.н. Новорусија. За неговите активности во земјава, веќе недела дена не одговараат руските дипломатски претставништва.

  Категории: