Тортевски за денешната изјава на Мицкоски: Кривично дело е изнесувањето на документите од истрагата „Рекет“

Тортевски за денешната изјава на Мицкоски: Кривично дело е изнесувањето на документите од истрагата „Рекет“
11.09.19   23:21

Прочитано : 2,454

Print This Article

Адвокатот Александар Тортевски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека изнесувањето на изјавите и наредбите од истрагата „Рекет“ апсолутно е кривично дело. Тој ова го коментираше по повод денешната изјава на Христијан Мицкоски дека ги има сите изјави и наредби од ОЈО за истрагата „Рекет“.

-Треба нова организација во целиот систем на ОЈО. Треба да се копмлетира со луѓе со кадар, со техника, да се направат проверки за лојалноста на вработените. Ако ова е точно, тогаш протекуваат тајни информации од истрагата. Апсолутно е кривично дело ако некој ги изнел сите документи за таа постапка. Постапката е тајна, тоа е огромен пропуст ако документите ви ги носи кој како сака, вели Тортевски./Фокус

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести