Рецепт: Торта со вино и чоколадо

Рецепт: Торта со вино и чоколадо
22.03.19   16:08

Прочитано : 578

Print This Article

Ароматична и многу вкусна чоколадна торта …

Потребно е:
за кората:

250 г мелени ореви
200 г шеќер
200 г брашно
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
1/2 лажиче сода бикарбона
1 лажиче цимет
малку мелено каранфилче
3 дцл вино (бело или црвено)

за филот и глазурата:
4 лажици џем од кајсии, јагоди, праски или шипки
150 г чоколадо за готвење
малку маргарин
малку рум

Потребно е:
– Во садот во кој ќе матите измешајте ги брашното, содата бикарбона и прашокот за пециво. Во тоа додадете го шеќерот, мелените ореви, каранфилчето, ванилиниот шеќер и циметот. Измешајте убаво.

– Во тоа додадете го виното и измешајте со дрвена лажица да добиете компактна смеса.

– Оваа смеса сипете ја во округла тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

– Кога тестото ќе биде печено извадете го од тавата, оставете да се излади и пресечете го по должина на половина за да добиете две округли кори. Едната кора ставете ја на украсна чинија за торти.

– Загрејте го малку џемот и со него премачкајте ја кората. Одозгора ставете ја втората кора која исто така ќе ја премачкате со џем, одозгора и од страните.

– За глазурата, истопете го чоколадото на пареа со малку маргарин и рум.

– Прелијте ја врелата глазура над тортата и оставете да се излади пред да ја послужите.

  Категории:
view more articles

Актуелно