Тонот на муте и сѐ ќе биде океј

Тонот на муте и сѐ ќе биде океј

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Кокаланов за Призма:

1.Аз сам човѐк којшто е бил стипендиста на италијанската влада, там сум ја поминал магистратурата. Докторатот во Германија, стипендист на германската влада. Тимчo обаче е исто образован во САД, Влатко е женет за Американка. Александар не е, но долго време бил во Стразбург. Поткрепиме договорот за добрососедство со Блгарија, сичко хубаво, тава шо лажат комунистите дека сме биле против, естествено е пропаганда на комунистите, комунистите при нас многу лажат бате Бојко, Љубчо е наш, само малки проблеми имахме, Никола го искара од партијата ни, ам па аз ако трјабва ште го врним назат…

О, кир Мицотакис? Калимера, его Мицевски, како Мицотакис изто, замо зо географико додавка Христијан, хахахаха, да се назалиме. Ние зизтер парти, евхаристо за зредба. Ова Миле, он студирал колеџ Тезалоники. Ја цел стан опремувал Икеа од кај вас, ова Неѕми, он пробал лета аеропорт Македонија, ама низто, Никола егеец, многу те поздрави, он Будапезт зега. Мазедонија грејт, вери најз злоган. Наза партија, лето, зите Халкидики, сонца, сопинг анд факинг, карпузи, локомадес, охи проблем, Норд Македонија, охи проблем, зто Македонија, охи Македониа, замо Норд, замо Скопља ако зака, замо победиме избори и охи проблем…

Па где сте брачо Срби! Ја сам Христијан, ово је Бети, она прича српскохрватски веома врло јако добро, ово је Саша, он вам је био са пиштољем на аеродром кад сте га ухапсили, Никола вам је био савјетник владе ал’ није мого да доџе, нешто је у Маџарској сад, куча-посо-куча-посо, знаш како је… Дал подржавамо мали Шенген, размена територија и остало? Шта бре мал Шенген! Ма има бре да буде велики Шенген, велика Србија, шта год хочете, има бре да певамо целу ноч са Дачича, на плоштад Македонија ту код овог Душановог моста, ми га зовемо Стари мост, ту код нас, само да победимо на избора, разумете, ако може и ови ваши да нам се врате у коалицију, они су сад код овог Зајева, ал он је корумпиран, па ако може да нам се врате јер ми нисмо. Ма и да јесмо, шта им везе, има да мрзимо Албанце заједно, да одбележавамо годишњине на Кајмакчалана, ми плачамо ракију, биче шљива како ви волите, нема проблема, само да добијемо ове изборе, ви као наша сестринска партија да нам помогнете…

О, зоти Мета. Куш ком бе, мир, мир… Многу те поздравувал овој Зијадин. Зиадин, Зијади, еден од Струга. Села бе, овој што ќе го утепавме за малку у Парљамент. Ова Влатко, он многу сака Аљбанци, ова Антонио он од Керчова, како Али исто, земчо, хахахаха… Овој на сљика, го гледаш сљика, овој што ме гушка. Е, тој… Аљбанац од Гостивари. О, Илир бе, ела да те гушкам. Аце сликај. Ела, ваму. Не сум ја комита, само не сум го поминал брадата, немој да мислиш дека сум сум пеел за шиптари, гасна комора, јо јо јо, јок бе какви комити, Тиранска пљатформа, ска проблем, двојазичност цела територија. Дој сеа пак да те гушнам…

Мали симпатични сценички од Мицко на конгрес на Европските народни партии, во обид да ги затопли односите на неговата партија со соседството. Тие со послабо срце и силни патриотски чувства во него не е препорачливо да ги гледаат снимките со вклучен тон. Најдобро без тон. Лидерот се поздравува таму со некои колеги, водат сериозни разговори, отвораат прашања за политичката и бизнис-соработка помеѓу земјите во регионот и слично.
Држете се до официјалните соопштенија, држете го тонот на муте и сѐ ќе биде океј. Македонија вечна, цела да е.

Целата колумна на Призма на следниот линк.