Тодоров: Северна Македонија не може без НАТО

Тодоров: Северна Македонија не може без НАТО
16.05.19   22:46

Прочитано : 1,613

Print This Article

„Северна Македонија би имала сериозни проблеми во сферата на безбедноста и политички кризи без интеграцијата во НАТО… Пристапот на земјата во Алијансата дојде во многу важен момент кога зачестија разговорите за размена на територии на Балканот“ – вели во изјава за бугарската филијала на Блумберг, екс министерот за здравство Никола Тодоров.

„Еден од проблемите во регионот е поврзан и со животниот стандард и побарувачката на можностите за обезбедување на повисок стандард… Ова е тоа што го измачува обичниот граѓанин, а не историјата или потребата да се разменуваат територии“.

Повисокиот стандард на живеење не значи само повисоки приходи, нагласи тој. „Тоа значи и држава која се организира и работи нормално според сите стандарди… ЕУ мора да ѝ подаде рака на Западен Балкан, за регионот да го постигне тоа”- вели Тодоров.

Никола Тодоров беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ кога во пресрет на гласањето за промена на Уставот практично „ја смени страната“ и почна да и дава поддршка на актуелната власт.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести