Тишма: Уметникот секогаш е предавник

Тишма: Уметникот секогаш е предавник
14.07.19   10:02

Прочитано : 105

Print This Article

Слободан Тишма е се уште уметник, и сега во неговата седумдесет и една година. Дури и оние кои не ја следат постојано неговата работа, го знаат како добитник на НИН-овата наградата пред седум години. Постарите ќе се сетат и на Луна и Ла Страда, две краткотрајни групи, но во голема мера влијателни на домашната сцена и на новиот бран во кој Тишма беше еден од основачите и творците.

Овој пат не зборуваме за рокенролот, туку за тоа дека како уметник живее на инвалидска пензија од 10.000 динари затоа што одбил да прими национална пензија, зошто одбрал да живеат во “внатрешен егзил”, колку и како медиумите влијаат на формирањето на мислења и како гледа на актуелната политичка состојба во Србија.

Самиот Тишма во неколку наврати рече дека има уште две книги кои чекаат објавување, а за Гласот на Америка кажа дека еден од ракописите што ги напишал пред пет или шест години се занимава со темата на Сребреница.

“Јас живеам овде во Србија во овој политички простор. Не сум слеп, разбирам што се случува. Не можам да кажам дека сум компетентен да зборувам на начин кој би бил апсолутно убедлив, во смисла дека сега знам што се случува овде, јасно ми е отприлика. Како огромното мнозинство, учествувам во политиката преку медиумите, преку информациите од тој медиумски простор. Ова е секогаш проблем, бидејќи се поставува прашањето – што е вистината? Она што медиумите го сервираат и претставуваат, без разлика дали станува збор за оваа или за оваа страна? Немам докази. Со ова се занимавам во романот “Грозота”. Тука е претставен масакрот во Сребреница како некаква медиумска информација, а потоа се покренува прашањето за вистината, што навистина се случи ” вели Тишма, додавајќи дека не може да се стави во позиција да каже дека не знае што е точно.

Незадоволство од политиката во целина и од ситуацијата во Србија е нешто што преовладува во интервјуто, бидејќи, како што вели, кога бил млад биле многу политични и верувале во идејата дека го менуваат општеството преку уметноста, но сега веќе не верува во тоа.

Она што ние генерално го поддржуваме е влез Европската унија. Сепак, јас апсолутно не верувам во искрените намери на оваа политичка елита. Мислам дека ова е една од најчестите лаги, дека воопшто не ги интересира. Всушност, тие сакаат само оваа пристапна позиција. Значи, како идеја сакаме да Европа, но не дај Боже да не примат. Не ни треба. Зошто? Бидејќи пред се во оваа пристапна позиција имаат средствата што можат да ги користат, тоа е за нив многу добро. Од друга страна, тие немаат намера да влезат во ЕУ, бидејќи тогаш би пропаднале. Едноставно, тоа е нивниот крај. Ќе треба да го реформираат судството, тоа е првото нешто. Треба да сторат многу други работи, да го променат Уставот и работите за кои не се подготвени. Не се спремни бидејќи тогаш се готови. “

Покрај констатацијата дека е “стар” и “готов”, дека “исчезнал од медиумите” и е “заборавен како автор”, од разговорот со Тишма јасно е дека живее скромно и дека, како што вели, никогаш не бил премногу свртен кон материјалниот аспект на животот и создавањето.

Кога ја добив наградата за НИН, можеби бев во позиција да ја капитализирам, да го подобрам својот социјален статус. Не бев во ситуација тоа да го искористам, тоа за мене беше ужасно грдо. Ми беше понудено нешто што познати уметници би можеле да добијат, некое признание, одбив. Едноставно кажав, не се гледам себеси како национален уметник, бидејќи тоа беше наречено национално признание. Јас не сум никаков национален уметник, тоа апсолутно не го прифаќам. Јас сум анационален по определување.”

Откако ја одбил националната пензија, Тишма живее од инвалидска пензија, која е многу скромна, а има право да реализира и некаков минимален личен доход, што е уште 11.000 динари.

Истакна и дека постојат уметници кои се секогаш со власта, дури и од комунисти во осумдесеттите преку ноќ станале “најцрни националисти на куб”. Тишма вели дека таквите луѓе не може да го поднесат и го нарекуваат анархист и атеист, неверник.

“Велам, јас сум предавник. Позицијата на предавникот е автентична позиција на секој вистински уметник. Не можам да бидам патриот, а да се занимавам со уметност. Тоа за мене е апсурдно, патриотска уметност постоеше, повеќе не постои, можеби некои луѓе се уште се занимаваат со тоа.”

Она што исто така му смета во Србија е што постои огромно мнозинство кое не е подготвено за дијалог, кое има патријархални ставови, кои се неприкосновени и не смее да се допре во нив.

Постои оваа национална митологија, тоа е свето место, и никој не смее да ја исмева и да си игра со неа. Посебен проблем е тоа што сме во оваа инфериорна позиција како народ. Тоа понижување, тој пораз го доживува српскиот народ. Во оваа ситуација, не смеете да кажете ништо, не смеете да се смеете, бидејќи не смеете да ги допрете раните, овие луѓе се ужасно чувствителни. За овој пораз и понижување српскиот народ е виновен, јас сум убеден во тоа. Многу е тешко од тоа да се излезе во некоја добра позиција на некакво размислување, создавање рационална, демократска, подготвеност за дијалог. Има такви луѓе, но тие се малцинство” вели Слободан Тишма на крајот од интервјуто за Гласот на Америка.

превод: Лени Фрчкоска

  Категории: