Тевдовски: Со зголемениот кредитен рејтинг меѓународните инвеститори подобро ќе нѐ перцепираат

Тевдовски: Со зголемениот кредитен рејтинг меѓународните инвеститори подобро ќе нѐ перцепираат
15.06.19   22:48

Прочитано : 378

Print This Article
tevdovski 11

Кредитната агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на земјава од BB на BB+ што е прво зголемување по 13 години. На оваа тема во Централниот дневник на 1ТВ зборуваа министерот за финансии Драган Тевдовски и Рилинд Кабаши, советник во Министерството за финансии. Тевдовски вели дека меѓународните инвеститори подобро нѐ перцепираат од минатата година.

-Подигнување на кредитниот рејтинг е важно затоа што потенцијални инвеститори кога носат одлуки да вложуваат, како еден од поважните индикатори е кредитниот рејтинг. Тоа значи дека инвеститорите ќе имаат аргументи од релевантни меѓународни иснтуции зошто да вложуваат повеќе во земјава да создаваат нови работни места и ќе го влече нашот економски раст. Во иднина ќе ја намали и цената на долгот на државата, рече Тевдовски.

Во однос на јавниот долг, Тевдовски нагласи дека од брзо растечки јавен долг успеале да го стабилизираат.

-За јавниот долг, клучно е дека наследивме брзо растечки јавен долг, кој потоа го стабилизиравме. Последната борјка е дека тој е намален. Водиме политика на управување на јавниот долг и успеавме да го ставиме под контрола заради низата на реформи што ги направивме. И во последниот извештај на „Фич“ се потцртува дека заради рефромите во системот на јавните финансии како фискалната транспарентност, поставеното фискално правило на општините пензиската реформа и „Фич“ вели дека со тоа ги намалуваме ризиците за рефинансирање, истакна Тевдовски.

Рилинд Кабаши вели дека укажувањата на „Фич“ се поклопуваат со плановите на Министерството за финансии.

– Ова е резултат на две годишна напорна работа на Министерството и на Владата. Сите кредитни агенции даваат укажуања што би можело да води до понатамошно подобрување на кредитниот рејтинг во овој случај тоа се поклопува со плановите на Министерството и на Владата, како понатамошна фискална консолидација, одржливост на долгот имплементација на структурните реформи и напредок кон членството, рече Кабаши.