Тешка сообраќајка вечерва во Охрид – жена итно префрлена во болница

Тешка сообраќајка вечерва во Охрид – жена итно префрлена во болница

Вечерва околу 18 часот се случила тешка сообраќајка на улица Будва во Охрид објави порталот Centar.mk.

Според неофицијални информации сообраќајката била меѓу автомобил марка Опел управуван од 22-годишно момче и 60-годишната Љ.Н. која управувала велосипед.

Љ.Н. со тешки повреди итно била префрлена во болницата Свети Еразмо во Охрид.