Терористичкиот напад во Крајстчрч – тема во Студио 1

Терористичкиот напад во Крајстчрч – тема во Студио 1
15.03.19   18:47

Прочитано : 215

Print This Article

Од светските настани, Студио 1 се фокусира на денешниот страшен терористички напад во џамија градот Крајстчрч. Ако мислевме дека Нов Зеланд е една од најбезбедните земји за живот, светот се изненади од насилството.

-Во овој случај, барем до сега, се работи за психички лабилна личност, како што пред 8 години истото го направи Брејвик во Норвешка, убивајќи 73 деца. И овој Австралијанец, поради одредени причини, одлучил да го изведе овој напад, вели новинарот Дејан Андоновиќ.

Во манифестот што го оставил на Твитер, напаѓачот напишал не можел да се согласи со напливот на мигрантите, сакал неговата држава да остане негова, а не да му ја преземаат по урнекот на европските и балканските држави. Ги цитирал историските личности кои се бореле во времето на отоманската империја, меѓу кои од овие простори Милош Обилиќ и цар Лазар, симнувајќи од јутуб некое несреќно видео од песна за Радован Караџиќ.

-Во прв момент се стекна погрешна слика за оставштина од времето на Слободан Милошевиќ дека Србите го извеле терористичкиот напад, што беше лажна вест, бидејќи се работи за Австралијанец, анализира Андоновиќ.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории: