Терористи упаднаа со автомобил-бомба во хотел – најмалку 15 мртви

Терористи упаднаа со автомобил-бомба во хотел – најмалку 15 мртви
12.07.19   21:46

Прочитано : 1,468

Print This Article

Исламистичката група Ал Шабаб изведе денеска напад со автомобил бомба во сомалискиот град Кисмај, соопштила сомалиската полиција, наведувајќи дека можно е во нападот да загинале голем број луѓе.

Нападот е изведен во еден хотел за време на состанокот на смолиските регионални претставници кои дискутирале за претстојните локални избори.

После нападот имало и пукање со огнено оружје, кое според зборовите на сомалиските полицајци траело час и половина, пренесува Ројтерс.

Според пишувањата на локалните медиуми, загинала популарната канадско-сомалиска новинарка Ходан Налаја, како и нејзиниот сопруг.

Ал Шабаб соопшти дека нејзините припадници после нападот со автомопбил бомба успеале да го заземат хотелот.

„Немаме потврден број на мртви, но во хотелот имало многу луѓе и бројот на мртви може да биде голем“, рекол полицискиот капетан Абдулахи Исак за Ројтерс.

  Категории:
view more articles

Актуелно