ВИДЕО: Тепачка во Парламентот на Хонг Конг

ВИДЕО: Тепачка во Парламентот на Хонг Конг
11.05.19   15:18

Прочитано : 268

Print This Article

Во парламентот на Хонг Конг, за време на денешната расправа за законските измени според кои на осомничените лица ќе им се суди во Кина, се случи физичка пресметка помеѓу пратениците.

Тензиите од почетокот на седницата завршија со тепачка. Неколкумина пратеници се повредени, а еден е хоспитализиран.

Продемократскиот пратеник Гери Фан е изнесен на носила поради повредена рака.

Критичарите оценуваат дека со измените на законот за екстрадиција се намалува слободата, додека властите тврдат дека измените се неопходни.

Хонг Конг има одвоен правен систем од матичната Кина. Пекинг во 1997 годна ја врати контролата врз Хонг Конг, некогашна британска колонија, под услов за „поголема“ автономија освен за прашањата за надворешната политика и одбраната.

  Категории: