Тема во „Печат на неделата“: Изборни весели математики и весели политики

Тема во „Печат на неделата“: Изборни весели математики и весели политики
24.04.19   22:48

Прочитано : 253

Print This Article

Гости во „Печат на неделата“ беа поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска, Горан Милевски претседател на ЛДП и Петар Богојевски активист на ВМРО-ДПМНЕ, кои со уредникот Сашо Ордановски зборуваа на тема околу прогнозите и евентуалните математики за вториот круг од претседателските избори.

Симптиматични се случувањата во ИВЗ и тоа токму пред вториот изборен круг што само по себе може да донесе политички последици. Според Ѓулистана Марковска, случајов може да има политички консеквенции, за Милевски ова не е добар период за ваков скандал особено кога е потребен цензус, а Богојевски смета дека ДУИ создаде редовна пракса да биде Врховен суд во земјава.

„Ние сме секуларна држава и кај нас верските заедници се одвоени од државата, но факт е дека секогаш имало некое верско влијание, особено во период на изборите. Во случајов може да има политички консеквенции особено во делот на недостаток не цензус“, рече Марковска.

„Симптоматично е што се објавуваа бомби пред првиот круг, сега кавга во ИВЗ, денес парламентот имаше обид да се внесе во таа расправа. Не е само ИВЗ, ако некој е губитник тоа е коалицијата на власт. Баш сега меѓу двата круга кога се клучни тие гласови за цензусот од 40 отсто. Сега кој се поигрува мислам не знам дали ќе се дознае, но очигледно мириса на математики во предвечерието на втор круг, знаеме дека следат празници, па следи гласање. Денес се дискутира дека е вмешаност на странски служби или стари структури во судството“, рече Милевски.

„За мене најзагрижувачко нешто е што ДУИ си дозволува да биде Врховен суд во земјава. Тоа стана редовна пракса кај нив, посебно кога станува збор за обвинет Албанец. Коментира судски пресуди во насока дека таа не е правична, а станува збор за убиство на млад човек, тоа е обид да се добијат политички поени. Не е работа ни на мене вечерва чија казна е и каква, тоа е работа на судот. Не е работа на политичари да коментираат судски пресуди“, кажа Богојевски, кој потоа се надоврза дека СДСМ има меморија на риба и дека заборава што се случувало во минатото и што ветувале, но затоа народот тоа не го заборава.

„СДСМ ја исфрли теоријата дека граѓаните кои не излегоа да гласаат заборавиле што беше груевизмот и имаат меморија на риба. Граѓаните токму тоа го помнат и бараат одговор што тие променија. Напротив функционерите на СДСМ имаат меморија на риба“, додаде Богојевски.

„Единаесет години беше период во кој се случија многу лоши работи на кои СДСМ градеше политички капитал, но откако дојде на власт гради само надворешна политика. За жал во Македонија така не функционираат работите. Секој треба да ја научи својата лекција, но правото и неправдата имаат само еден аршин, не два краја“, истакна Марковска.

„Генерално поентата е што ние треба да ја спроведеме агендата која ја ветивме кај граѓаните. Ветивме реформи во многу области. Мандатот помина ние уште анализи правиме, рече Милевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

  Категории: