Телото на ,,Холивудскиот Супермен” најдено во контејнер (ВИДЕО)

Телото на ,,Холивудскиот Супермен” најдено во контејнер (ВИДЕО)
7.11.19   18:29

Прочитано : 4,357

Print This Article

Актерот Кристофер Денис, познат како ,,Холивудски Супермен “ е најден мртов во контејнер за стара облека.

52-годишниот актер помина 30 години глумејќи го Супермен на булеварот ,,Холивуд”, каде што се сликаше со туристи. Тој се прослави со неговата голема сличност со актерот Кристофер Ривс кој го отелотвори легендарниот Супермен.

Денис бил пронајден мртов во саботата наутро во долината Сан Фернандо во контејнер за смет. Полицијата потврди дека неговата смрт не е сомнителна, но е покрената истрага за да се открие што се случило.

Актерот последниве години минувал низ тежок период и живеел како бездомник.

Извор: Канал 5

  Категории: