Телефонски разговор Трамп – Ердоган за Медитеранот

 Претседателите на Турција и САД, Реџеп Тајип Ердоган и Доналд Трамп денеска остварија телефонски разговор за регионалниот развој и тензиите во Источниот Медитеран, пренесува „Сабах“.

Ердоган му рекол на Трамп дека не е Турција таа која сака нестабилност во Источниот Медитеран и оти Анкара со „конкретни акции“ докажала дека сака да ги намали тензиите и да воспостави дијалог за ова прашање.

Трамп претходно разговараше и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и изрази загриженост за тензиите меѓу Грција и Турција, се вели во соопштението на Белата куќа. Американскиот претседател ги повика двајцата сојузници од НАТО да започнат дијалог за нивниот спор околу Источниот Медитеран.

Back to top button
Close