Телата на петтемина загинати од сообраќајката кај Драчево се на обдукција

Телата на петтемина загинати од сообраќајката кај Драчево се на обдукција
15.05.19   15:27

Прочитано : 641

Print This Article
драчево сообраќајка

Траги од крв, остатоци од возилата… Останаа да сведочат за страотната сообраќајка на булеварот „Борис Трајковски“ пред влезот на скопската населба Драчево.

Вкупно петмина се загинати од сообраќајната несреќа, сите се превезувале во „Реното 5“ коешто се судрило во товарното возило „Мерцедес“, односно камионот за отпад. Тука на терен веќе ги нема возилата, тие се испратени за да се направи виштачење за да се утврди причината сообраќајната несреќа, како што соопштија од обвинителството, а телата на петтемина загинати се дадени на обдукција.

Телата на загинатите се во Судска медицина, освен обдукција вршат и идентификација, од петтемина загинати, тројца се мажи, две се жени, а на еден починат го утврдуваат идентитот. Од Судкса медицина за 1ТВ велат дека по проверките телата ќе бидат предмадени. Сите се возрасни.

Според привичните информации од увидот на скопското обвинителство,  несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, а возачот на реното преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камионот.

Според МВР, возачот на камионот, поради повредите бил пренесен во градската болница „Св. Наум Охридски“.

 

  Категории: