Таткото на Ел Чека за тв21: Бомбите не се од директорот на Агенцијата за разузнавање

Таткото на Ел Чека за тв21: Бомбите не се од директорот на Агенцијата за разузнавање
24.06.19   22:39

Прочитано : 773

Print This Article

 

Таткото на Ел Чека, Мустафа Ахмети за Тв21 зборувал за неговото семејство, посебно за својот син Шеќерим. Тој рече дека како семејство тие немаат ништо лично со Али Ахмети! По објавувањето на „бомбите“ рече дека им се доближиле албанските партии, но не прифатил ниедна бидејќи не им верува. За сите „бомби“ кои ги објавува неговиот син, Ел Чека, тој инсистира дека тие не ги добил од директор на Агенцијата за разузнавање, како што се вели во јавноста. Таткото на Шеќерим сепак Еролд го поврзува со Кумановската Група, а настанот кај Диво Насење во 2015, како што вели, го создале тајните служби.

Таткото на Ел Чека за ТВ21 раскажува дека вчера стигнал од Албанија во Македонија, за да го води протестот кој го повика неговиот син од Америка, за да докаже дека нема ништо лично меѓу Ел Чека и претседателот на ДУИ.

Доколку беше нешто лично, јас ќе го решев проблемот! Не е лично.

-Велите дека не е лично меѓу Шеќерим и Али Амети?

Не, не! Нема ништо лично. Немаме ништо лично со никого, брате. Овие проблеми се однесуваат на сите Албанци“ – вели за ТВ21 таткото на Ел Чека.

На прашањето  зошто Шеќерим ги објавува прислушуваните разговори, Мустафа Ахмети објаснува:

Вистината на Шеќерим . . . Вистината на Шеќерим, нашата цел е да ги откриеме сите подземни служби кои делувале со овие луѓе кои денес се инсталирани во системот – вели тој.

Мустафа Ахмети за ТВ21 вели дека прислушуваните разговори кои ги објавува неговиот син, се истите кои ги објавуваше Зоран Заев во 2015 година, и кои ги достави на Катица Јанева.

Но, настојува дека „бомбите“ неговиот син не ги земал до Директорот на разузнавачка службам Еролд Муслиу, кој е нивен соселанец од село Тухин, Кичево.

„Од едно село, невозможно е да не се познаваме меѓусебно. Ние со тие луѓе, со неговиот татко никогаш сме немале добри односи! Неговиот татко, Мехмет Муслиу со Реџеп Муслиу, таткото кој беше претседател на Централниот одбор во поранешниот југословенски систем. Човек кој тогаш, не знам дали се сеќавате за ′85 година и потоа . . . кој велеше дека Албанците се подготвуваат за отпор против тогашна Југославија“, изјави Мустафа Ахмети – татко на Ел Чека.

повеќе