Ташевска-Ременски:Одлуките на патот до ЕУ и НАТО се носат со консензус, помирувањето треба да не обедини сите околу националните интереси

Ташевска-Ременски:Одлуките на патот до ЕУ и НАТО се носат со консензус, помирувањето треба да не обедини сите околу националните интереси
23.10.18   12:35

Прочитано : 73

Print This Article
loading...

Патриотизмот во 21. век е посветеност на обезбедување сигурна и безбедна иднина за Република Македонија и за нејзиниот пат во евроатланските интеграции, да стане 30-та членка на НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ.

Ваква порака упрати потпреседателот на Собрание на Република Македонија Фросина Ташевска-Ременски откако денеска положи венец свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Таа посочи дека  патот и до ЕУ и до НАТО е поплочен со одлуки кои треба да се носат со консензус во интерес на националните интереси на РМ и затоа помирувањето треба да не обедини сите околу интересите на РМ, а не околу интересите на политичките партии.

– Мислам дека веќе се почнати процесите кои што најавуваат еден подологорочен би кажала  процес на една политичка дебата, но секако и една граѓанска дебата околу тоа какво општество создадовме во РМ преку политичките поделби што ги наметнаа политичките партии. Имајќи го предвид тоа, а свесни за сериозноста на моментот во кој што се наоѓаме и за потребата на идните генерации да им оставиме мир и меѓусебно почитување  сметаме дека во Република Македонија е потребен процес на меѓусебно помирување не само на политичарите, туку пред се на граѓаните имајќи ги предвид дека секако поведенијата на политичарите рефлектираат и однесување на граѓаните особено ако се има предвид дека помалку или повеќе сите се некои активисти или симпатизери на политички партии. Она што ни се случуваше во минатото со повикување на омраза, насилство и на отворено несогласување преку повици на насилство треба да не направи само посвесни и посериозни во овој процес на помирување што ќе го започнеме пред се во Собранието на РМ, преку консултација на добри практики и како тоа се правело и се прави имајќи предвид дека многу други држави во ЕУ и особено на овие поранешни ЈУ простори и тоа како работат на прашањата на помирувањето, имајќи го предвид дека се постконфликтни општества и навистина ни треба една симбиоза околу овие наднационални интереси, изјави Ташевска-Ременски одговорајќи на новинарски прашања.

Таа додаде дека лично не би се помирила со никој бидејќи не е во лоши односи со никого, но посочи дека политички она што го рефлектира Собранието како амбиент и како атмосфера за работа мора да обезбеди спокојство помеѓу граѓаните. – Ние имаме и етички кодекс за однесување на пратениците во делот на начин на обраќање, начин на ословување на политичкиот противник, некористење зборови на говор на омраза и тоа секако стои, меѓутоа ќе работиме и на многу други прашања кои отворено или на некој начин пред граѓаните не претставуваат како конфронтирани страни имајќи го предвид и фактот дека патот и до ЕУ и до НАТО е поплочен со одлуки кои треба да се носат со консензус во интерес на националните интереси на РМ. Тоа помирување треба да не обедини сите околу интересите на РМ, а не околу интересите на политичките партии, истакна Ташевска-Ременски.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со пратеничкиот мандат на Никола Груевски по пресудата за случајот „Тенк“, таа рече дека едно е прашањето за одземање на имунитетот, а друго е прашањето за престанок на мандатот кое е утврдено со закон.

– Законот јасно утврдува под кои услови престанува мандатот, а тоа е доколку е фатен во извршување кривично дело за кое е пропишана казна од најмалку пет години, доколку е осуден на казна затвор што го прави недостоен за вршење пратеничката функција и доколку е осуден на затворска казна за кривично дело кое се гони по службена должност. Јас немаам информации за тоа дали упатниот акт е примен од страна на пратеникот и дали ќе се изврши тој упатен акт. Би сакала да почекаме да видиме какво ќе биде однесувањето по тој дел на судската одлука и секако Собранието ќе има можност да констатира, но не сум сигурна дека може да констатира престанок на мандат.  Меѓутоа фактот шестте месеци отсуство од Собрание не знам дали ќе се толкува оправдано илли неоправдано  секако и постои недостојност во вршењето на фукцијата, изјави потпретседателот на Собранието на Република Македонија.

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести