„Талир“ одложен по десетти пат

„Талир“ одложен по десетти пат
12.09.19   12:51

Прочитано : 257

Print This Article
Судењето за предметот „Талир“ на СЈО, кој се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, во кое, според обвинението, биле испрани околу 5 милиони евра, и за кое СЈО тврди дека има уплатници, документи и други материјални докази, денеска беше одложено по десетти пат. Денешното одложување е поради притворената специјална обвинителка Катица Јанева, која е потписник и на обвинението за „Талир“.

По барањето на одбраната за одлагање, судијата ја ислуша и обвинителката Ленче Ристоска, која во случајот е застапничка на Јанева, го одложи судењето за 3 октомври.

Обвинението во „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ е поднесено против шест физички лица и едно правно лице – Никола Груевски за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и за Перење пари и други приноси од казниво дело.

На екс премиерот Никола Груевски му се суди во отсуство.

Кирил Божиновски и Миле Јанакиески се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, а Илија Димовски и Леко Ристоски за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се уште се наоѓа на почеток и веќе неколку месеци се одложува почетокот поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и менување на бранителите и застапниците на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.

Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

СЈО поднесе уште еден обвинителен акт за предметот „Талир“ – Талир 2, за незаконската изградба на седиштето на партијата.

  Категории: